Користење повеќе SIM-картички
Вашиот уред работи кога се вметнати едната или двете SIM-картички. Дојдовната комуникација ја
добивате на двете SIM-картички и може да одберете од кој број ќе ја воспоставите појдовната
комуникација. Пред да може да ги користите двете SIM-картички, треба да ги вклучите и да
одберете која SIM-картичка ќе управува со сообраќајот на податоци.
Може да ги пренасочувате повици од SIM-картичката 1 кон SIM-картичката 2 кога SIM-картичката 1
е недостапна и обратно. Оваа функција се вика достапност на двојна SIM-картичка. Неа мора да ја
вклучите рачно. Видете Пренасочување повици на страницата 77.
Вклучување или исклучување на користењето две SIM-картички
1
Од вашиот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Двојни SIM-картички.
3
Допрете ги лизгачите SIM1 и SIM2 за да ги вклучите или исклучите SIM-картичките.
Преименување на SIM-картичката
1
Од вашиот Почетен екран, допрете на .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Двојни SIM-картички.
3
Одберете SIM-картичка и внесете ново име за неа.
4
Допрете OK.
Одбирање SIM-картичка за управување со сообраќајот на податоци
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Двојни SIM-картички > Моб. сообраќај на
подат..
3
Одберете SIM-картичка што сакате да ја користите за сообраќај на податоци.
За поголеми брзини на податоци, одберете ја SIM-картичката што ја поддржува најбрзата
мобилна мрежа, на пример, 3G.