Наоѓање на идентификацискиот број на уредот
Вашиот уред има единствен идентификациски број. Овој број се спомнува како IMEI (International
Mobile Equipment Identity). Треба да чувате копија од овој број. Може да ви треба, на пример, кога
ќе пристапите до услугата за поддршка Xperia™ Care да го регистрирате својот уред. Исто така,
доколку ви го украдат уредот, некои мрежни оператори може да го користат овој број за да го
прекинат пристапот на уредот до мрежата во вашата земја или регион.
Уредите со две SIM-картички имаат два броја IMEI, по еден за секој отвор за SIM-
картичка.
Прегледување на броевите IMEI на лежиштето за етикети
20
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
1
Отворете го капакот на отворот за нано SIM-картичката и мемориската картичка.
2
Извадете го држачот за SIM/мемориска картичка. Ставете го нокотот или друг предмет со
долг, правилен врв, под работ од лентата за етикетирање, а потоа повлечете ја лентата
нанадвор. Броевите IMEI се прикажан(и) на лентата.
Броевите IMEI може да ги видите и ако го отворите телефонскиот бирач и внесете
*#06#
.
Прегледување на броевите IMEI преку поставките на уредот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > За телефонот > Статус > Информации за
IMEI.