Фотографирање и снимање видеа
1
Леќи на предната камера
2
Одбирање режим на снимање
3
Префрлување меѓу предната и главната камера
4
Зумирање или одзумирање
5
Копче за камерата – активирање на камерата/фотографирање/снимање видеа
6
Прегледување фотографии и видеа
7
Зачувување локации
8
Фотографирање или снимање видеа
9
Враќање еден чекор назад или излез од камерата
10
Поставки за режимот на снимање
11
Поставки за блицот
Фотографирање од екранот при заклучување
1
За да го активирате екранот, кратко притиснете го копчето за вклучување .
2
За да ја активирате камерата, допрете го и задржете го , а потоа преместете го каде
било со поминување со прстот.
3
Откако камерата ќе се отвори, допрете .
Може да ја активирате камерата кога екранот е заклучен и неактивен. Целосно
притиснете го копчето за камерата за да го направите ова. Притиснете повторно за да
фотографирате.
Фотографирање со помош на копчето за камерата
1
Активирајте ја камерата.
2
Притиснете го копчето за камерата до долу.
Правење селфи со предната камера
1
Активирајте ја камерата.
2
Допрете
.
3
За да фотографирате, притиснете го копчето за камерата.
Користење на блицот од фотоапаратот
1
Кога камерата е отворена, допрете .
2
Одберете ја посакуваната поставка за блицот.
3
Фотографирајте.
99
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Користење на функцијата за зумирање
•
Кога камерата е отворена, штипнете го или разделете го екранот на камерата.
•
Може да го користите и копчето за јачина на звукот со притискање нагоре или надолу. За
да ја вклучите оваа функција, допрете , потоа допрете Повеќе > Копч. за јач. на
звук за.
Снимање видеа користејќи го копчето за камерата
1
Активирајте ја камерата.
2
Поминете со прстот на екранот за да одберете
.
3
За да започнете со снимање на видео, притиснете го копчето за камерата.
4
За да го прекинете снимањето, повторно притиснете го копчето за камерата.
Снимање видео
1
Активирајте ја камерата.
2
Ако не е одбран видеорежимот, поминете со прстот на екранот за да одберете
.
3
Насочете ја камерата кон субјектот.
4
За да започнете да снимате, допрете .
5
За да паузирате кога снимате видео, допрете . За да продолжите да снимате, допрете
.
6
За да прекинете да снимате, допрете .
Фотографирање додека се снима видео
•
За да фотографирате додека се снима видео, допрете . Фотографијата се прави веднаш
штом ќе го пуштите копчето на камерата.
Прегледување на фотографиите и видеата
1
Активирајте ја камерата, потоа допрете ја малата слика за се отвори фотографијата или
видеото.
2
Потчукнете налево или надесно за да ги прегледате своите фотографии и видеа.
Бришење фотографија или видео
1
Пронајдете ги фотографијата или видеото што сакате да ги избришете.
2
Допрете го екранот за да се прикаже алатникот.
3
Допрете .
4
Допрете Избриши за да потврдите.