Sony Xperia X Performance - Поставки за апликации

background image

Поставки за апликации

Некои апликации ќе побараат дозвола откако ќе започнете да ги користите. Може да дозволите
или да одбиете дозволи поединечно за секоја апликација, од менито Поставки или од дијалог-
прозорецот за потврда на дозволи. Барањата за дозволи зависат од дизајнот на апликацијата.

Дозволување или одбивање на дозволи

Може да изберете да дозволите или да одбиете дозволи кога ќе се прикаже дијалог-прозорецот.
Ако претходно сте користеле друга Android верзија, за поголемиот дел од апликациите веќе ќе
бидат одобрени потребните дозволи.

За да дадете дозвола

1

За да дадете дозвола, допрете Овозможи.

2

Кога ќе се прикаже дијалог-прозорецот за потврда по втор пат, може да ја изберете Не
прашувај повторно
опцијата, ако сакате.

3

Во дијалог-прозорецот ќе биде објаснето зошто за апликацијата е потребна дозвола и за
која цел специфично ги користи. За да го отфрлите овој дијалог-прозорец, допрете ОК.

За да одбиете дозвола

За да одбиете дозвола, допрете Одбиј кога ќе се прикаже дијалог-прозорецот.

Некои аплиакции може и понатаму да ги користите дури и ако ги одбиете дозволите.

Критичка дозвола

Одредени дозволи се задолжителни за апликациите да работат како што треба. Во такви случаи,
ќе бидете известени со дијалог-прозорец.

Конфигурирање апликации

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Апликации > .

3

Изберете опција за конфигурација, на пример Дозволи за апликацијата, па изберете
ја апликацијата којашто сакате да ја конфигурирате.

64

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Давање критични дозволи

1

За да дадете дозвола, допрете Продолжи > ИНФ. ЗА АПЛИК. > Дозволи.

2

Пронајдете ја критичната дозвола што ви е потребна.

3

Допрете го соодветниот лизгач за прилагодување на дозволите.

Може да управувате со дозволите и во Поставки > Апликации. Допрете ја апликацијата
и променете ги дозволите според потребите.

Дозволување или одбивање автоматски ажурирања на
апликацијата

Ако функцијата за автоматско ажурирање е вклучена, апликациите се ажурираат без ваша
согласност, па може да не знаете дека се преземаат големи количини податоци. Со цел да се
избегнат потенцијално високите трошоци за пренесување податоци, може да ги исклучите
автоматските ажурирања или да ги вклучите само преку Wi-Fi конекција. Мора да ја исклучите
функцијата за автоматско ажурирање во апликациите Play Store™ и What's New (каде што е
достапна) за да се избегне автоматско ажурирање на апликациите.

Вклучување или исклучување на автоматските ажурирања за сите апликации во
Play Store

1

Од својот Почетен екран, допрете , па пронајдете и допрете .

2

Допрете , потоа допрете Поставки > Апликации за автоматско ажурирање.

3

Одберете ја претпочитаната опција.

Вклучување или исклучување на автоматските ажурирања за сите апликации во
What's New

1

Од својот Почетен екран, допрете , па пронајдете и допрете .

2

Допрете , потоа допрете Поставки > Апликации за автоматско ажурирање.

3

Одберете ја претпочитаната опција.

Поврзување на апликации

Уредот може да препознае стандардни апликации за ракување со одреден линк на интернет. Ова
значи дека ако линкот е поставен, не мора да ја избирате апликацијата секогаш кога ќе го отворите
линкот. Може да ја измените стандардната апликација во кое било време.

Управување со линковите за апликациите од менито Поставки

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Апликации.

3

Допрете и пронајдете Линкови за отворање.

4

Одберете апликација и прилагодете ги поставките по желба.