Пристапување до поставки
Видете ги и изменете ги поставките на својот уред од менито Поставки. До менито Поставки се
пристапува од екранот со апликации и од панелот Брзи поставки.
Отворање на менито за поставки на уредот од екранот со апликации
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки.
Прегледување на информациите за уредот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > За телефонот.
Активирање на екранот со помош на режимот Допри за будење
1
Од својот Почетен екран, допрете Поставки > Екран, потоа допрете го лизгачот
Допирање за будење за да ја вклучите функцијата.
2
Додека екранот е во режим на мирување, допрете двапати за го активирате.
Пристапување до паното со брзи поставки
•
Повлечете ја лентата за статус надолу со два прста.
Исклучување на светилката
1
Повлечете ја лентата за статус надолу со два прста.
2
Допрете .
Одбирање на поставките за прикажување во паното со брзи поставки
1
Повлечете ја лентата за статус целосно надолу со два прста, а потоа допрете Уреди.
2
Во делот на дното од екранот, допрете ја и држете ја иконата за брзи поставки што сакате
да ја додадете, потоа влечете и пуштете ја во горниот дел од екранот.
Преуредување на паното со брзи поставки
1
Повлечете ја лентата за статус целосно надолу, па допрете Уреди.
2
Допрете ја и задржете ја иконата, а потоа преместете ја во саканата местоположба.