Користење на вашиот уред со мултимедијален систем во
возилото
Поврзете го вашиот уред на автомобилски мултимедијален систем со сертификат за MirrorLink™
со помош на USB-кабел, на пример, користете ја апликацијата за навигација или пуштајте музика
од вашиот уред додека возите. Кога сте поврзани, можете да се движите низ апликациите со
помош на контролите на мултимедијалниот систем во возилото.
Некои апликации може да не е достапни додека трае конекцијата со MirrorLink™. Покрај
тоа, заштитените податоци, како на пример видеа коишто се заштитени со Digital Rights
Management (DRM), не се достапни преку MirrorLink™.
Преглед на конекцијата со MirrorLink
Поврзување на уредот со автомобилски систем за забава и информации
•
Поврзете го уредот со автомобилскиот систем за забава и информации користејќи USB
кабел. Екранот од уредот ќе се појави на екранот од системот за забава и информации.
Доколку конекцијата помеѓу уредот и системот за забава и информации не се воспостави
автоматски, треба рачно да го вклучите MirrorLink™.
Рачно вклучување на MirrorLink™
1
Проверете дали вашиот уред е поврзан на мултимедијалниот систем во возилото со помош
на USB кабел.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Пронајдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > MirrorLink™.
4
Допрете Start MirrorLink™, па допрете ОК.
5
Ако конекцијата и понатаму не е успешна, допрете Мрежна адреса за да се префрлите
на некоја друга мрежна адреса и обидете се повторно.