Sony Xperia X Performance - Безжично прикажување на екранот од уредот на ТВ-приемник

background image

Безжично прикажување на екранот од уредот на ТВ-
приемник

Може да ја користите функцијата за прикажување на екранот од својот уред на ТВ-приемник или
на друг голем екран без да се користи кабелска конекција. Технологијата Wi-Fi Direct™ креира
безжична конекција меѓу двата уреди, па може да се опуштите и да уживате во омилените
фотографии од удобноста на вашиот кауч. Оваа функција можете да ја користите и за да слушате
музика од уредот преку звучниците од телевизорот.

Кога користите прикажување на екранот, мешањето на другите мрежи може да има
негативно влијание врз квалитетот на Wi-Fi сликата.

Прикажување на екранот од уредот на ТВ-екран

1

ТВ: Следете ги инструкциите во упатството за корисникот од вашиот телевизор за
вклучување на функцијата за прикажување на екранот.

2

Вашиот уред: Од својот Почетен екран, допрете .

3

Пронајдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > Прикажување на
екранот
.

4

Допрете Вклучи.

5

Допрете OK и одберете уред.

Телевизорот мора да поддржува прикажување на екранот што се заснова на Wi-Fi
CERTIFIED Miracast

за да работи функцијата. Ако вашиот телевизор не поддржува

прикажување на екранот, треба посебно да купите адаптер за безжичен екран. Кога
користите прикажување на екранот, не покривајте ја областа за антената на Wi-Fi на
уредот.

Прекинување на прикажувањето на екранот помеѓу уредите

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > Прикажување на
екранот
.

3

Допрете Исклучи, па допрете OK.