Sony Xperia X Performance - Извршување дијагностички тестови на уредот

background image

Извршување дијагностички тестови на уредот

Апликацијата Xperia™ Diagnostics може да тестира одредена функција или да изврши целосен
дијагностички тест за да провери дали вашиот уред на Xperia™ работи правилно.
Xperia™ Diagnostics може:

Да пристапи до потенцијални хардверски или софтверски проблеми на вашиот уред на Xperia™.

Да анализира колку добро се извршуваат апликациите на вашиот уред.

Да го запише бројот на испуштени повици во текот на претходните 10 дена.

Да го идентифицира инсталираниот софтвер и да обезбеди корисни детали за вашиот уред.

Апликацијата Xperia™ Diagnostics е веќе инсталирана на повеќето уреди со Android™ од
Sony. Доколку опцијата Дијагностика не е достапна под Поставки > За телефонот или од
менито АЛАТКИ во апликацијата за поддршка, може да преземете поедноставна верзија
користејќи ја апликацијата Play Store™.